Прашања

Со која нога сум напред?

O: Многу е значајно да откриете со која нога сте напред на даската. Има два вида поставеност на нозете на даската: гуфи (со десна нога напред) и регулар (со лева нога напред). Во принцип поголем процент од возаците возат со таа нога напред со која отскокнуваат, мегутоа немора тоа да значи дека е така за сите. Ако сте возеле скејт во тој случај веке знаете која ви е напред, а ако не, тогаш пробајте на еден од следниве начини:Залетајте се на некоја лизгава површина и пробајте да се лизгате, таа нога која ви е прва, со која се пуштате на лизгалицата, е напред.Замолете некој сто го познавате да ве бутне одзади, таа нога со која ке стапнете прва ке ви биде напред.Ако возите велосипед и се пуштате на удолница, ногата која ви е понапред од другата на педалите, таа ви е предна на даската.


Каква опрема ми треба?

O: Пред се напоменеме дека постојат различни видови на опрема од различни фирми, флексибилност, издржливост, најважно од се е да имате чизма која ке ви одговара на бројот, потоа везови кои ке одговараат на бројот на кондурата, даска со прикладни димензии.Што се однесува до безбедноста, кацига е препорачливо да се носи особено кај почетниците, каде и штитникот за грб и бутови е од голема важност особено ако имате намера да возите на грајндбокс или на шипка.Облеката која ке ја носите додека возите треба да биде стриктно за таа намена, ракавици , и маска за скијанје со заштитен УВ фактор бидејки може да дојде до привремено слепило таканаречено снежно слепило, ако е јако сонцето на планината каде што возите.


Колкава висина на даска ми треба?

O: Даската која ви треба не се мери само според вашата висина. За да одредите колкава даска ви одговара треба да ги земете во предвид вашата тежина (како најголем фактор) бројот на кондури (од кој зависи ширината на даската, колку поголем број толку поголем вез, толку поширока даска за да не штрчи кондурата) како и вашта висина нормално. Истотака зависи како планирате да возите(freestyle, freeride, Back Country). На линкот има калкулатор кој ке ви пресмета каква и колкава даска би ви одговарала за возењеhttp://www.snowboardlengthcalculator.com/


Дали сноубордингот е опасен спорт?

O: Спортот може да биде онолку опасен или безбеден, колку што вие ке го направите. Немојте да возите кога е затворена стазата и поцитувајте ги знаците(доколку ги има), правилата на центарот додека сте на терени. Спортот може да доведе до сериозни повреди. Најчести повреди во сноубордот се исти како кај скијанјето (колена, зглобови , врат). Со секоја безбедносна мерка што ја превземате се намалува ризикот за повреда.


Што е freestyle, што е freeride а што Back Country?

O: Freestylingoт подразбира скоканје на мали и големи скокови, лизганје по гриндбоксови, возенје по благи падини и правење мали трикциња(jibbinbg), пуштање по гелендери на улица ако има снег нормално(стрит), измислуванје на препреки и обидувајки се да ги совладате, макар тоа било буре, кола:), бандера.Freestylingot го креира не само возенјето туку и начинот на облекување, размислуванје како и самата даска. Freestylingot мозе да се применува сегде и буквално во секакви временски услови.Backcountry е идеално за вас ако сакате да возите по неистапкан длабок снег(пудра). Овој начин на возенје содржи малку Freestylе елементи како што се скоканјето од карпи, правенје на скок од помало сртче, возенје по паднати дрва и т.н. Безразлика како се возите единствена цел е да уживате во возењето. Во Backcountry нема скилифти, гондоли, гужва на терени…. Можете да се кацувате пешки или со некакво превозно сретсво до врвот на планината и оттаму се спуштате. Во Backcountry возенјето постојат опсаности како сто се: лавина, дехидриранје, можете многу лесно да се изгубите, диви ѕверки, дупки покриени со снег во кои мозете да пропаднете, снежно слепило, затоа е препорачливо да се оди во група од повеке од 3ца со луге кои имаат искуство и познаванје на снегот падините и мозности за лавини.Во Македонија има само едно место каде има организирано Backcountry возенје на Шарпланина, од страна на Борче Јаневски за кое може да се каже дека е едно од многуте убави места за таков вид на возење во светот.Freestylingot е во суштина е Backcountry возенје само се исклучени тие Freestylе елементи.

Како треба да си ги поставам везовите и аголот на везовите?

O: Растојанието од еден вез(stens) до друг зависи од ширината на рамениците и од висината, додека аголот на везовите е најубаво и препорачливо на почеток да се намести на +15 -15 или така наречен (duck stens), додека да откриете со која нога сте напред. Откога ке се навикнете на везењето, можете да пробате малку да го промените аголот во онаа позиција која најмногу ви одговара.


За колку време ке научам да возам?

O: Нема конкретно време за тоа колку брзо некој ке научи да вози, се зависи од човекот. Во зависност од тоа дали ке имате тренер, или ке се учите сами, или ке имате другар да ви покаже, ке научите за различно време и на различен начин. Ама би требало во една сезона да научите да се возите со стил.

Како да се зачленам во клубот?

O: Зачленувањето е лесно. Единствено што треба да направите е да исконтактирате со некои од тренерите и да почнете да доагате на тренинзите како и на бордање.

Кои се бенефициите за членовите?

O: Бенефиција е самото тоа што имате со кого да возите нон-стоп, имате и каде да престојувате кога има организиран престој на планина, попуст во скејтшопот(DropIN) кој соработува со клубот, тренинзи на кои ако одите загантирано ќе ви се зголеми кондицијата, а и моториката ќе ви се развие, стекнувате нови познанства и пријатели а можеби и некоја симпатија:).



©CopyRight Polar.mk 2017