Цели


Постигнувањето што е можно подобри спортски резултати е особено важна цел за нас, но наша основна амбиција е да анимираме и вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во вака организирани спортски активности. Ние сме сигурни дека ова е начинот на кој ќе придонесеме во правилен раст и развој на личноста на младиот човек.

Имајќи го ова на ум организираме и посети на театарски и кино претстави, посети на концерти и изложби, посети на културно историски споменици и сл. Низ сите овие активности се стимулира тимскиот дух, здравите навики и се прави превенција на сè она што претставува порок на современото општество како дрога, алкохол, цигари… На овој начин клубот Полар ја остварува една од основните функции на спортот – социјалната.

©CopyRight Polar.mk 2017